reinforce - онтологија

армира повеќе

армираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави метална конструкција на градежен објект, постави, поставува арматура.
Примери:
Секоја рамка ја армираа со повеќе редови поцинкуван тел.

заздрави повеќе

заздрават
Вид збор: Глагол, свршен
Зацврсти нешто, направи да биде поздраво, поцврсто, постабилно.
Албански: përforcoj
Примери:
Сака да ја заздрави својата куќа.

закрепи повеќе

закрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткрепи, прицврсти нешто во дадена положба.
Албански: përforcoj
Примери:
Напукнатиот ѕид го закрепивме со две греди.

илдиса повеќе

илдисат
Вид збор: Глагол, свршен
зацврсти, гарантира
Турски: ilmek
Употреба: Архаизам
Примери:
Ги илдиса правата на поданиците.

оснажи повеќе

оснажат
Вид збор: Глагол, свршен
Потврди, завери, направи полноважен.
Примери:
Без знаење нема искуство, а искуството ќе го оснажи знаењето.

поткрепи повеќе

поткрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Потпре со нешто за да го направи поцврсто, посигурно.
Албански: përforcoj
Употреба: Ретко
Примери:
Оградата ја поткрепија со талпи.

потсили повеќе

потсилат
Вид збор: Глагол, свршен
Засили, подзасили малку, во некоја мера.
Примери:
Му ги трие мускулите за да го потсили.